Дома Фудбал Останато ФИФА нема да дозволи јужномаериканците да учествуваат во Лигата на Нации

ФИФА нема да дозволи јужномаериканците да учествуваат во Лигата на Нации

Минатата недела УЕФА најави дека јужноамериканците ќе станат дел од Лигата на Нации и дека е само прашање на форматот во кој ќе учестуваат, меѓутоа ФИФА нема намера да дозволи такво нешто.

„Ова издание на Лигата на Нации е последно во ваков формат. Одржавме состанок со јужноамериканските селекции и од 2024 година тие ќе ни се придружат. Се уште работиме на форматот во кој ќе ни се придружат и календарот. Сепак, календарот е ограничен и не можеме многу да промениме“, гласеше изјавата на потпретседателот на УЕФА, Збигњев Боњек.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Најавите се дека ФИФА против овој проект на УЕФА и КОНМЕБОЛ има Суперлига за репрезентации, но тоа е проект за кој се уште нема детали, ништо не е познато.

Доколку УЕФА и КОНМЕБОЛ бидат упорни ФИФА може да ги запре со одлука на Конгрес на светската организација затоа што мнозинството од 211 членки на Светската фудбалска организација би застанале против ова спојување на Јужна Америка и Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Арсенал ја претстави новата скапа ѕвезда

Арсенал официјално го претстави Еберечи Езе како нов член. Тоа се случи неколку минути пре…