Како што е познато ФИФА вечерва ги доделува наградите за најдобрите во изминатата година.
Прво беше избран голот на годината, а наградата „Пушкаш“ ја освои Мохамед Салах со неговиот слалом против Евертон.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Потоа следуваше прогласувањето на најдобриот тренер, а тоа беше човекот кој на Франција и ја донесе светската титула Дидие Дешамп.
Дешамп победи во конкуренција на Зинедин Зидан кој му ја донесе третата титула во низа на Реал Мадрид во Лигата на шампионите и Хрватот Златко Далиќ.
Откако беше прогласен тренерот на годината, ФИФА ја додели и наградата за најдобар голман која заврши во рацете на човекот кој ова лето направи трансфер од Челзи во Реал Мадрид, Тибо Куртоа.