Дома Фудбал Калафиори: Би сакал да се вратам во Рома во некој момент

Калафиори: Би сакал да се вратам во Рома во некој момент

Одбранбениот играч на Арсенал Рикардо Калафиори се надева еден ден да се врати во Рома, од каде што тргнал во големиот фудбал.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Италијанскиот репрезентативец е младинец на “волците”, но не успеа да се наметне во тимот и беше продаден прво на швајцарскиот Базел, потоа на Болоња, а од 2024 година е играч на Арсенал.

Калафиори даде интервју во подкастот Supernova на Алесандро Катерлан и откри дека би сакал повторно да го облече дресот на “џалоросите“. „Би сакал да се вратам во Рома порано или покасно, но не можам да го планирам тоа. Оставив недовршена работа таму. Имав можност да играм повеќе, но потоа, поради различни причини, отидов на заем и потоа ме продадоа. Се разбира, не се снајдов толку добро како што се надевав. Дури и не успеав да славам пред Јужната трибина на “Олимпико“, изјави дефанзивецот.

Калафиори, кој дебитираше во првиот тим под раководство на Пауло Фонсека во 2020 година против Јувентус, изрази посебната врска со клубот и градот. 23-годишниот римјанец има 10 настапи во Серија “А“ за “џалоросите“, и го постигна својот единствен гол во Лига Европа против Јанг Бојс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Атлетико со одговор до Алварез и Барселона: Може, но за половина милијарда евра

АРГЕНТИНСКИОТ напаѓач Џулијан Алварез (26), кој е објект на интерес на Арсенал, Барселона …