Според Светската фудбалска федерација за светски шампиони, на клупско ниво, можат да се сметаат само екипите кои од 2000 година го освојувале Светското клупско првенство.
Белградска Црвена звезда е само еден од низата клубови кои не можат да сметаат дека биле светски клупски шампиони, иако со двајца Македонци во составот, Илија Најдовски и Дарко Панчев, во 1991 година го освои Интерконтиненталниот куп, кој до 2000 година го играа европскиот и јужноамериканскиот шампион.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„ФИФА смета дека основањето на светските клупски првенства се дел од историјата, таква е ситуацијата и со Интерконтиненталниот куп. Сепак ФИФА од 2000 година го организира Светското клупско првенство на кое учествуваат шампионите на сите шест конфедерации и само тие шампиони ФИФА ги смета за освојувачи на светската клупска титула“, објави ФИФА.
Белградскиот тим 1991 година во Токио го победи Коло-Коло со 3-0, еден гол постигна Панчев, а два Југовиќ кој беше прогласен за играч на финалето.