Дома Фудбал Италија Фиорентина назначи нов тренер

Фиорентина назначи нов тренер

Фиорентина штотуку објави дека Џузепе Јакини е нов шеф на стручниот штаб на првиот тим.

Јачини во досегашната кариера, помеѓу другите, ги водеше Сампдорија, Палермо, Сасуоло, Емполи и Удинезе.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Инаку, Јакини пристигнува на клупата на Фиорентина наместо Винченцо Монтела, со кого соработката беше прекината затоа што игрите и резултатите на тимот беа под очекуваното. Капката што ја прелеа чашата беше тешкиот пораз од Рома.

“Би сакал да му се заблагодарам на Винченцо Монтела за посветеноста и професионалноста што ја покажа во текот на своето време во клубот. За жал, нашата сегашна позиција во лигата не натера да направиме промена. Ние го одбравме Јакини, бидејќи тој е одличен човек кој има силни врски со Фиренца и Фиорентина. Сега треба да работиме заедно за да се вратиме на вистинскиот пат што е можно поскоро“ – изјави првиот човек на Фиорентина, Роко Комисо.

Јакини официјално ќе биде претставен како нов тренер на Фиорентина на прес-конференција закажана за 28. декември. Првиот тренинг на тимот ќе биде одработен еден ден подоцна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Посакуваниот напаѓач потпиша за Јувентус

Јувентус официјално објави дека го привлекол напаѓачот Џонатан Дејвид. Канадскиот репрезен…