Стадионот на Бетис „Бенито Вилјамарин“ ќе биде домаќин на финалето од кралскиот Куп оваа сезона.
Ова денес и официјално го потврди Шпанската фудбалска федерација и откри дека Севиља ја добила трката со Валенсија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Прв пат после многу години стана јасно каде ќе се игра финалето, пред да бидат познати финалиситите. Изминатите години двата клуба кои се пласираа во финалето го даваа своето мислење за изборот.
Финалето ќе се игра на 25-ти мај, а интересно е што двата клуба од тој град, Бетис и Севиља имаат добри шанси за пласман во полуфиналето.
? OFICIAL | El Benito Villamarín acogerá la final de la #CopaDelRey el próximo sábado 25 de mayo.
? https://t.co/ttjeSHIqlq pic.twitter.com/lvkz1g67fH
— RFEF (@rfef) January 28, 2019