Дома Македонски спорт Мак ракомет Филип Кузмановски се сели во Хановер?

Филип Кузмановски се сели во Хановер?

Еминентниот германски весник „Билд“ пренесува дека нашиот репрезентативец Филип Кузмановски е голема желба на Хановер.

Хановер е во потрага по играч кој би го заменил данскиот ветеран Мартин Олсен, кој по завршувањето на сезоната се враќа во татковината и ќе го облече дресот на Гудме.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Првите два пика Миха Зарабец од Кил и Сташ Скубе од Вардар ја одбиле можноста да го носат дресот на овој клуб. Поради тоа Кузмановски останува најреална опција, бидејќи нема голема минутажа во Магдебург и клубот е спремен да го пушти.

Филип Кузмановски во Бундеслигата пристигна минатото лето од Еурофарм Работник.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Во РК Вардар пристигна засилување – „Mozzart“ нов спонзор на клубот

Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар 1961 во актуелната сезона е лидер во машкат…