Денес Себастијан Фетел немаше добар старт на вториот тест во Барселона и директно се заби во една од бариерите покрај патеката.
После инцидентот од Скудерија потврдија дека се појавил технички проблем на СФ90 болидот.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Сега се огласи и Фетел кој призна дека немал контрола над болидот кога удрил во заштитната ограда.
„Навистина не знам што се случи. На третата кривина почуствував дека нешто не е во ред со предниот лев агол на болидот. Во тие моменти не можев ништо да направам. Сите во тимот работат на овој случај и се надевам дека во најбрз можен рок ќе откриеме во што е проблемот“, изјави Фетел.
Првата недела од тестирањето во Барселона помина во знак на брзиот болид на Ферари, а сега останува да видиме дали таа форма ќе биде пренесена на трките кои започнуваат следната недела во Австралија.