Актуелниот шампион во Формула 1 и возач на Ред Бул, Макс Ферстапен славеше на трката за Големата награда на САД во Остин откако во финишот го помина Луис Хамилтон, а исто така зад себе го остави и Шарл Леклер.
Ферстапен со новиот успех стигна до 13 победи оваа сезона, па така го израмни рекордот на Себастијан Фетел од 2013 и Михаел Шумахер од 2004 година.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На возачот од Холандија му треба само уште една победа за да испише историја како човек кој запишал најмногу триумфи во една сезона.
До крајот на сезоната се возат уште три трки, а со оглед на формата на Ферстапен, тоа би можело да стане реалност и да стане рекордер.
An incredible achievement 💪#USGP @Max33Verstappen pic.twitter.com/4bQWZQl4Rw
— Formula 1 (@F1) October 23, 2022