Изминатата вечер од НБА плеј-офот се одиграа два натпревари.
Никола Јокиќ во првиот натпревар од полуфиналето на Западот го предводеше Денвер до победа над Портланд од 121:113.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Српскиот кошаркар така продолжи со одличните настапи во НБА откако беше клучен играч на Денвер во претходната серија во која Денвер го доби Сан Антонио со 4:3.
За разлика од Денвер кој се намачи да ја помине првата рунда, Портланд изненадувачки лесно ја елиминираше Оклахома со 4:1 и така имаше повеќе денови одмор пред полуфиналето.
The Joker comes through with the monster numbers again!#MileHighBasketball pic.twitter.com/rizUHmtfE5
— Denver Nuggets (@nuggets) April 30, 2019
Но, на почетокот на серијата не се виде умор кај Денвер, посебно не кај нивниот најдобар играч, Никола Јокиќ. Јоки одигра скоро цел натпревар, помина 41 минута на паркетот и за тоа време уфрли 37 поени. Наејфикасен на натпреварот беше Дамијан Лилард со два поени повеќе. Јокиќ имаше одличен шут од игра, шутираше 11/8, за тројка 3/5, а од линијата за слободни фрлања беше без грешка 12/12.
Со девет скокови и две блокади беше најдобар на натпреварот под обрачите. На тие бројки додаде уште и шест асистенции и три украдени топки.
https://www.youtube.com/watch?v=3e8AKyWXbfE
Во вториот натпревар Торонто на домашен терен беше поразен од Филаделфија со 89:94 (1:1).