Дома Останати Федерер се откажа од турнирот во Париз, ќе се чува за Лондон!

Федерер се откажа од турнирот во Париз, ќе се чува за Лондон!

Роџер Федерер нема да игра на мастерс турнирот во Париз, Швајцарецот го откажа учеството и им се извини на фановите. 

Федерер вчера ја освои десеттата титула на турнирот во Базел, а тоа беше негова четврта титула сезонава и вкупно 103-та во кариерата.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


„Многу сум разочаран што морам да се повлечам од Мастерсот во Париз, но морам да се поштедам себе затоа што сакам да играм што е можно подолго. Се извинувам на француските навивачи, кои ќе ги видам наредната година на Ролан Гарос“, порача Федерер.

Федерер се повлече од Мастерсот во Париз за да може да одмори и да се подготви за завршниот турнир во Лондон, каде покрај него место обезбедија и Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал, Данил Медведев, Доминик Тим и Стефанос Циципас, додека последните два патници во Лондон ќе бидат познати по турнирот во Париз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Ѓоковиќ се распадна по поразот на Ролан Гарос: Можно е ова да е мојот последен натпревар тука

ЈАНИК СИНЕР обезбеди место во финалето на Ролан Гарос. Првиот тенисер во светот во полуфин…