Роџер Федерер, еден од најдобрите тенисери на сите времиња долго време се мачи со повреди и не се бори за трофеи.
Последниот настап Швајцарецот го имаше на минатогодишниот Вимблдон каде што во четвртфиналето изгуби од Хуберт Хуркач. Потоа Швајцарецот беше подложен на нова операција на коленото и од неа се уште се опоравува.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Сега Федерер откри кога би можел да се врати на терените.
„Знаев дека опоравувањето ќе б иде долг процес, операцијата беше неопходна. Не можев да играм повеќе после Вимблдон, се надевам дека ќе се вратам на Лајвер Купот во септември. Сигурно и во иднина нема да можам да настапувам на 20 турнири годишно, програмата ќе биде редуцирана. Знам дека моите деца сакаат да одиме на места како Лондон или Мајами“, изјави Федерер.
Федерер веќе има 40 години и на зад себе има 20 Грен слем титули, а веројатно ја изгуби трката со Надал и Ѓоковиќ на оваа листа, со оглед што двајцата се уште освојуваат турнири.