Јувентус не потврдил, но медиумите во Италија објавија дека Фаџоли и покрај тоа што нема да игра седум месеци ќе ја добива целата плата од клубот.
Клубот ќе му даде целосна поддршка на Фаџоли кој се соочи со тешки моменти поради неговата зависност од коцкање. „Старата дама“ имаше можност да му ја намали платата поради суспензијата, па и да го раскине договорот, но ништо од тоа нема да се случи.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Фаџоли ќе продолжи нормално да тренира со останатите соиграчи под водство на Алегри се до истекот на суспензијата.
Ќе потсетиме, според казната ќе мора и шест месеци да посетува установа за одвикнување од коцкање. Останува да се види како сето ова ќе влијае кога тој ќе се врати на терените.