Фаворитите остварија сигурни победи во 15-то коло од македонската Прва лига, кое беше исклучително ефикасно и на четири натпревари беа постигнати 20 гола.
Вардар почна да влегува во форма по слабите резултати во октомври со импресивна победа на гости кај Ренова (2:5), Пелистер и Академија Пандев одиграа неверојатен меч со седум гола, во кој гостите од Струмица на крајот си заминаа со три бода (3:4), Работнички го „торпедираше“ тимот на Победа со 4:0, додека Шкендија од гостувањето кај Силекс оствари рутинска победа од 2:0.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поради дожд и неповолни временски услови натпреварот Скопје – Шкупи беше одложен.
Резултати:
Пелистер – Академија Пандев 3:4
Работнички – Победа 4:0
Ренова – Вардар 2:5
Силекс – Шкендија 0:2