Дома Фудбал Лига на шампиони Фаворитите рутински, Арсенал го доби ПСЖ, Милан падна во Левекузен

Фаворитите рутински, Арсенал го доби ПСЖ, Милан падна во Левекузен

Исклучително возбудлива и ефикасна ноќ во Лигата на шампиони каде стрелците беа расположени, а фаворитите ја оправдаа фаворитската улога.

Арсенал вечерва доби голема помош од Џалуиџи Донарума, па работата ја заврши во првото полувреме. Каи Хаверц во 20 и Букајо Сака во 35 минута донесоа двојна предност, а ПСЖ до крајот се обидуваше, но не успеа да направи ништо.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Леверкузен во исклучително интересен меч ја доби битката со Милан. Цели 90 минути гледавме атомски фудбал и шанси на двете страни. Во 51-та минута Бонифејс го постигна единствениот гол, а до крајот „росонерите“ два пати ја погодија пречката.

Високи победи вечерва забележаа уште Интер против Црвена Звезда (4:0), Манчестер Сити на гостувањето кај Слован, Барселона пукна „петарда“ против Јанг Бојс, а Борусија Дортмунд со високи 7:1 славеше над Селтик.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

ФА го поништи црвениот картон на Фернандеш

Капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш ќе може да игра на следниот меч против Ас…