Манчестер Јунајтед добиле тужба од Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) порад недоличното однесување на неговите фудбалери на натпреварот со Ливерпул одигран на „Енфилд“.
Јунајтед е обвинет за недолично однесување на неговите фудбалери, кои според правилата на ФА не се однесувале на пристоен начин. Фудбалерите на Манчестер го опколија судијата Крег Поусон во првото полувреме откако Вирџил ван Дајк имаше воздушен дуел со голманот Давид де Геа.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
По таа ситуација Роберто Фирмино постигна гол за Ливерпул. Голот потоа е поништен по прегледувањето на снимката. Поради жестоката реакција судијата веднаш му додели жолт картон на голманот Де Геа.
Клубот од „Олд Трафорд“ има право на жалба до четврток, а засега не е познато со каква казна ќе се соочи.