Дома Фудбал Репрезентации Уште eден српски фудбалер ставил крај на кариерата во репрезентацијата

Уште eден српски фудбалер ставил крај на кариерата во репрезентацијата

Селекторот на Србија, Драган Стојковиќ-Пикси денеска ја одржа прес-конференцијата пред стартот на Лигата на Нации.

Пикси помеѓу другото откри и дека покрај Тадиќ, за репрезентацијата повеќе нема да настапува и Дарко Лазовиќ.


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


“Според неговата изјава дека се збогува, дадов и јас своја изјава и не сакам да се повторувам. Се најдобро на тие што заминале. Ако некој така одлучил, тогаш морам тоа да го почитувам. Тој даде голем придонес , но сега сакаше да се посвети на клупската кариера. Лазовиќ беше со нас три години, но многу често имаше и одредени повреди, па беше отсустен. Пред 15 дена разговаравме и тогаш ме извести“, изјави Пикси.

Во селекцијата на Србија за натпреварите со Данска и Шпанија нема да бидат ниту Митровиќ, Савиќ и Влаховиќ, за првите двајца официјалните информации се дека се повредени, додека Влаховиќ само кратко објави дека поради семејни причини нема да може да помогне. Новинарите го запрашаа Пикси и за таа ситуација, но селекторот на Србија порача дека тоа би требало да го прашаат Влаховиќ бидејќи и тој самиот не знае нешто повеќе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Без голови на дербито, Миовски не доби шанса во Париз

Манчестер Сити и Интер одиграа меч без голови, ПСЖ во последните минути ја победи Џирона, …