Како што стојат работите македонскиот репрезентативец Енис Барди ја одигра последната сезона во дресот на Леванте.
Неодамна Барди со клазулата во неговиот договор ја продолжи соработката до јуни 2024 година, но поради испаѓањето на Леванте од Ла Лига клубот се надева дека ќе го продаде со цел да дојде до потребните пари и да го покрие минусот од 10.5 милиони евра. Таа сума Леванте треба да ја обезбеди до крајот на годината.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Барди се поврзуваше со неколку клубови, а сега се појави нова опција во Шпанија. Прво градскиот ривал на Леванте, Валенсија покажала интерес, за сега во игра влезе и новиот шпански прволигаш Алмерија.
Во изминатите пет години Барди во Леванте се здоби со одлична репутација пред се како мајстор за слободни удари и цената на трансфер пазарот за него се уште е висока.