Дома Видео Урнебесно: Ганец си даде два смешни автогола за да расипе местенка! 🎥

Урнебесно: Ганец си даде два смешни автогола за да расипе местенка! 🎥

Интересна ситуација ни доаѓа од Гана, а главен актер е Ганецот Хашмин Мусаха.

Мусаха се најде во центарот на вниманието затоа што со очигледна намера си постигна два автоголови во поразот на неговиот тим од 0:7.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Во игра тој влезе во последните 12 минути кога резултатот беше 0:5. Натпреварот бил договорен да заврши со конечен 1:5, но тој ја расипал работата. Се зборуваше дека тоа го направил затоа што никој не го известил пред мечот за и тој нешто да заработи, но тој тврди дека е поинаку.

„Горд сум на тоа што го направив. Пред натпреварот слушнав дека овој натпревар треба да го изгубиме со 1:5. Голем противник сум на обложување и на местење натпревари затоа сакав да им направам проблем. Му најавив на тренерот што ќе направам ако ме стави во играч. По натпреварот добив и честитки од соиграчите“, изјави Мусаха.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Винисиус го наруши молкот после дебаклот во Лондон

Ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор за прв пат јавно проговори за вчерашниот тежок по…