Дома Фудбал Останато УЕФА реагира: Дисциплинска постапка против Арсенал и Келн

УЕФА реагира: Дисциплинска постапка против Арсенал и Келн

Eвропската куќа на фудбалот, УЕФА започнува дисциплински постапки против Арсенал и Келн поради проблемите со навивачите, поради кои овој натпревар започна со задоцнување од еден час.

Навивачите на Келн во Лондон пристигнаа во голем број, многумина од нив беа без влезници за натпреварот, а тоа предизвика вистински хаос околу стадионот. Се претпоставува дека во Лондон пристигнале 20.000 навивачи на Келн, додека Арсенал обезбедил 3.000 карти за гостинските навивачи.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Покрај тоа УЕФА го обвинува Келн и за нереди на трибините, користење пиротехнички средства и уфрлување разни предмети на теренот.

Од друга страна, започната е и дисциплинска постапка против Арсенал поради блокирање на скалите во делови на стадионот каде што беа сместени гостинските навивачи.

За овој случај УЕФА ќе одлучува на 21 септември. Натпреварот во Лондон беше завршен со победа од 3:1 на „топџиите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Во Италија ќе има и трет преоден рок

Во Италија од наредната година би можел да биде воведен и трет преоден рок. Причина за ово…