Европската фудбалска унија (УЕФА) би можела да ја одобри спогодбата на Милан поврзана за ФФП, но услов е да им биде одземена заработката од играњето во Лигата на Европа.
„Росонерите“ на почетокот на летото беа суспендирани и исфрлени од Лигата на Европа поради неисполнување на критериумите на финансискиот фер-плеј, но промената на сопствеништвото и жалбата до арбитражниот суд за спорт ги вратија во ова натпреварување.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа УЕФА го „замрзна“ наградниот фонд за натпреварувањето од Лигата на Европа, чекајќи ново сослушување за спогодбата.
Според пишувашењето на „Република“,владеачкото тело на УЕФА ќе одобри спогодба, но условот е Милан да не го добие наградниот фонд во Лигата на Европа.
Така УЕФА би ја наплатила паричната казна за ФФП, а засега не е познато какво мислење има раководството на Милан за ваквото можно сценариот.
Во случај овие најави да станат реалност, а Милан ја освои Лигата на Европа би останал без десетина милиони евра.