Дома Фудбал Лига на шампиони УЕФА пресече: Се уште не е време ВАР да биде дел од Лигата на шампионите

УЕФА пресече: Се уште не е време ВАР да биде дел од Лигата на шампионите

Видео технологијата, која од оваа сезона е присутна во Серија А и Бундеслигата, не ги воодушеви баш луѓето од УЕФА.

Италијанските медиуми пренесуваат дека УЕФА ја одбила идејата од следната сезона ВАР да се користи и на натпреварите од Лигата на шампионите.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


На редовниот конгрес кој се оддржа денес, донесена е одлука видео технологијата се уште да не биде дел од елитното натпреварување.

Како што пишува Калчомеркато, челниците на УЕФА не се воодушевени од идејата ВАР да се воведе во ЛШ бидејќи сметаат дека тоа не е вистински избор. Тие порачаа дека искуството од Германија и Италија не е доволно, и дека се уште треба време ВАР да се покаже пред да се донесе таква исклучително важна одлука.

ВАР во Серија А и Бундеслигата се користи од оваа сезона, но донесе многу поделени мислења. Јасно е дека многу тоа треба да се унапреди во видео технологијата за таа да се користи на големите натпреварувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Бруно Фернандеш: Јунајтед ќе ме ослободеше, ако сакав да заминам

Kапитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш потврди дека клубот бил подготвен да го п…