Дома Останати Кошарка Почина мачката Љубица – симболот на домот на Црвена Звезда!

Почина мачката Љубица – симболот на домот на Црвена Звезда!

Мачката Љубица, која беше заштитен знак на салата “Александар Николиќ”, почина.

Легендарната сала беше нејзин дом цели 18 години, и не постоеше натпревар или тренинг на кој не беше присутна. Ја запознаа ширум светот благодарение на играчите и навивачите кои минуваа низ спортската зграда во Палилула.

„По 18 години спортски живот во најдобрата сала на светот и дома на мачката Љубица, нашата Љубица почина во четвртокот, на 5 февруари. Со голема тага се збогуваме од најголемиот спортски фан за кого слшна цела Европа. Заштитете ни ја нашата куќа Пионер и сеќавањето на неповторливата Љубица!“, беше објавено на X профилот под името Мачка Љубица.

Од својата жителка на салата „Пионер“ се прости и Кошаркарскиот клуб Црвена ѕвезда.

„Со голема тага ја известуваме јавноста дека Љубица почина во својот Пионер, каде што 18 години беше дел од многубројни настани и натпревари и собираше многу симпатии од домашната и странска јавност,“ изјавија црвено-белите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Трагедија ја погоди Македонија: Млад тренер загина во сообраќајна несреќа!

Тренерот во младинската школа на Ангели, 33-годишниот Антонио Савески од Охрид, е лицето к…