Дома Фудбал Реал Мадрид на спектакл против Манчестер сити, ПСЖ го чека тежок испит во Баскија

Реал Мадрид на спектакл против Манчестер сити, ПСЖ го чека тежок испит во Баскија

Шестото коло од групната фаза на Лигата на шампионите продолжува денеска, носејќи возбудливи моменти на фудбалското поле, а централно внимание ќе биде на дуелот меѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Натпреварот ќе се одигра на славниот стадион Сантијаго Бернабеу во Мадрид, а весникот Марка пишува дека ова е клучен дуел за тренерот на мадриѓаните, Хаби Алонсо.

Ако не успее да ги порази “граѓаните”, му се заканува отпуштање и заминување од клупата на Реал откако помина нешто помалку од половина година на оваа позиција, заменувајќи го Карло Анчелоти.

Од друга страна, “граѓаните” постепено ја подигнуваат формата и ја дочекуваат оваа средба во одлично расположение, надевајќи се дека ќе го поправат изненадувачкиот пораз од претходното коло против Леверкузен со 2:0.

Актуелниот европски шампион ПСЖ гостува во Баскија кај Атлетик, додека белгискиот тим Клуб Бриж е домаќин на Арсенал, каде исто така се очекува возбудлив натпревар.

Сите парови на останатите натпревари од шестото коло на Лигата на шампионите:

Карабаг – Ајакс 18:45

Виљареал – Копенхаген 18:45

Атлетик Билбао – ПСЖ 21:00

Баер Леверкузен – Њукасл 21:00

Бенфика – Наполи 21:00

Дортмунд – Бодо/Глимт 21:00

Клуб Бриж – Арсенал 21:00

Јувентус – Пафос 21:00

Реал Мадрид – Манчестер Сити 21:00

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Голема радост на „Меаца“, Интер е нов шампион на Италија!

Фудбалерите на Интер го совладаа тимот на Парма во Милано со резултат 2:0 во натпреварот о…