Дома Фудбал Мајсторот секогаш останува мајстор: Бензема со хет-трик на дебито во новиот клуб за 64 минути (ВИДЕО)

Мајсторот секогаш останува мајстор: Бензема со хет-трик на дебито во новиот клуб за 64 минути (ВИДЕО)

Фудбалерите на Ал Хилал го разбија тимот на Ал Окоход со 6:0 на гостински терен и ја зачуваа лидерската позиција во Саудиската Про лига.

Карим Бензема неодамна го напушти Ал Итихад и се пресели во Ал Хилал.

Не му требаше долго време за да ја покаже својата класа во новиот тим.

Францускиот мајстор реализираше хет-трик за само 64 минути од натпреварот. Ја тресеше противничката мрежа во 31-ва, 60-та и 64-та минута.

Во самиот финиш на мечот, Малком постигна еден гол, а Ал Досари два.

Ал Хилал останува на врвот на табелата во првенството на Саудиска Арабија со 50 бодови. Имаат три повеќе од второпласираниот Ал Ахли и четири повеќе, и еден натпревар повеќе, од Ал Наср.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус за 50 милиони евра ќе го реши голманското прашање

Јувентус сè уште нема трајно решение за позицијата на голман. Се соочија со ограничен буџе…