Дома Фудбал Лига на шампиони УЕФА нема да и прости: Рома би можела да добие сериозна казна!

УЕФА нема да и прости: Рома би можела да добие сериозна казна!

Како што сега стојат работите, УЕФА ќе ја казни Рома после првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите против Ливерпул.

Да потсетиме, навивачите на Рома направија големи нереди во натпреварот против Ливерпул и самиот клуб го осуди таквото однесување на своите навивачи.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Сепак, изгледа дека Рома ќе добие казна од Дисциплинската комисија на УЕФА после овој натпревар. Според италијанските медиуми, „волчицата“ би требало да добие казна за забрана на присуство на своите навивачи на гостувањата за еден или два натпревари.

Треба да додадеме и дека навивачите на Рома Филипо Ломбарди (21) и Даниеле Скусио (29) се уапсени пред почетокот на натпреварот поради обид за убиство.

Реванш натпреварот помеѓу Рома и Ливерпул се игра на „Олимпико“ наредната среда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Нови проблеми во Мадрид: Караница на Винисиус пред очите на 57 милиони следбеници

Винисиус Жуниор повторно предизвика контроверзии поради измената. Овојпат не пред очите на…