Дома Фудбал Лига на шампиони УЕФА не премолча: Санкциониран Олимпијакос поради своите навивачи

УЕФА не премолча: Санкциониран Олимпијакос поради своите навивачи

Европската фудбалска унија, денес го казни Олимпијакос со 60.000 евра, бидејќи навивачите на два пати влегоа на терен и пријдоа кон фудбалерот на Барселона, Лионел Меси во текот на мечот помеѓу двата клуба во Лигата на шампионите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


УЕФА наведе дека Олимпијакос е казнет поради влегувањето на навивачите на терен, во текот на мечот на 31. октомври во Атина.

Еден навивач го прегрна и бакна Меси во близината на корнер знаменцето, а потоа во завршницата на мечот пријде друг навивач, кој сакаше да се слика со еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.

Олимпијакос е казнет и поради недозволените песни на навивачите, но и поради тоа што фудбалерите на Барселона беа попречувани со ласери од трибините.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Tрагедија во Мексико: Убиен возач кој влета во толпа навивачи (Вознемирувачко Видео)

Уште една шокантна трагедија ја засени еуфоријата на светското првенство во Мексико, привл…