Дома Фудбал Италија УЕФА го казнува Јувентус? „Старата дама“ може да биде исфрлена од европските натпреварувања

УЕФА го казнува Јувентус? „Старата дама“ може да биде исфрлена од европските натпреварувања

Европската куќа на фудбалот може да го исфрли Јувентус од сите европски натпреварувања поради финансиски малверзации, пренесува „Газета дело Спорт“.

Во ноември минатата година поради истите причини оставки си поднесе целото раководство и претседателот Андреа Ањели, а подоцна беа казнети со 15 бода во Серија А.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


„Газета дело Спорт“ потсетува дека поранешните челници на Јувентус ги користеле трансферите на фудбалерите за да го лажираат финансискиот биланс, и воделе двојно сметководство, па поради тоа може да бидат казнети и од УЕФА.

„Казната би стапила на сила во првата сезона во која Јувентус ќе избори пласман во европските натпреварувања. Тоа значи дека ако на крајот на оваа сезона „старата дама“ не избори пласман во Европа казната може автоматски да биде префрлена за следната сезона“, соопштува весникот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Постигнат договор: Поранешен соиграч на Меси ќе биде нов тренер на Интер Мајами

Интер Мајами повторно ќе има аргентински тренер. По заминувањето на Герардо Мартино клупат…