Дома Фудбал Останато Убав гест на Севиља: Трофејот го посветија на Рејес

Убав гест на Севиља: Трофејот го посветија на Рејес

Не беше само тренерот Јулиен Лопетеги во солзи после вчерашната победа на Севиља против Интер од 3:2 во финалето од Лигата на Европа.

Во слзи беше и капитенот Хесус Навас, искусниот капитен на тимот од Андалузија.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Екипата го заслужи ова. Се боревме цела година, поминавме низ тешки ситуации како и сите други, се обидовме да одиме ден по ден. Навивачите ова го заслужуваат. Мораме да уживаме во овој момент“, изјави емотивниот Навас после натпреварот.

Навас трофејот го посвети на поранешниот играч на Севиља, Хозе Антонио Рејес кој минатото лето го загуби животот во собраќајна несреќа.

„Тоа што можам да го подигнам трофејот како капитен на мојата Севиња ми значи многу. Ми значи многу и што можам да го подигнам за пројателите кои повеќе не се туак, како Антонио Рејес“, изјави Навас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Манчестер Сити официјално го претстави Донарума

Повеќе од недела откако беше објавено дека Џанлуиџи Донарума ќе се приклучи на Манчестер С…