Дома Топ вести Синот на легендарниот Рејес потпиша договор со Реал Мадрид

Синот на легендарниот Рејес потпиша договор со Реал Мадрид

Хозе Антонио Рејес Лопез, 16-годишниот син на легендарниот Хозе Антонио Рејес стави потпис на првиот договор со Реал Мадрид.

Пред само неколку дена тој го прослави својот 16. роденден, а веќе може да се пофали со договр со „кралевите“. Синот на Рејес во школата на Реал Мадрид пристигна како 11-годишник, недолго откако неговиот татко во сообраќајна несреќа го загуби животот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот Рејес имаше одлична кариера носејќи ги дресот на Севиља од каде што премина во Арсенал и беше дел од „непобедливите“ во сезоната 2003/2004. Од Арсенал, Рејес направи трансфер во Реал Мадрид каде што ја освои шампионската титула во сезоната 2006/2007, еден период настапуваше и за Атлетико.

Животот Рејес го загуби во 2019 година во сообраќајна несреќа откако поради голема брзина изгуби контрола над своето возило. Подоцна истрагата покажа дека до несреќата дошло поради дефект на автомобилот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Покетино бесен: ВАР штети на имиџот на англискиот фудбал!

Менаџерот на Челзи, Маурисио Покетино, изјави дека употребата на ВАР технологијата го нару…