Репрезентацијата на Македонија на 17-ти ноември ќе игра во Рим против Италија во претпоследниот натпревар од квалификациите, а Италијанците пред овој дуел направија еден убав гест.
Имено, познатиот македонски оперски пејач, Благој Нацоски добил покана од Фудбалската федерација на Италија да ја пее химната пред почетокот на натпреварите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Нацоски е роден во Скопје, но по завршувањето на средното образование заминува во Рим каде што се школувал од познати уметници и во овој момент живее и работи во Џенова.
За него ова ќе биде вторпат како ја пее химната на Македонија на еден фудбалски натпревар, претходно тоа го направи во 2016 година во Скопје.