Дома Фудбал Англија Тухел се сели во Премиер лигата

Тухел се сели во Премиер лигата

Томас Тухел денес доби отказ од ПСЖ, а весникот „Билд“ пренесува дека кариерата најверојатно ќе ја продолжи во Премиер лигата.

Тухел имаше договор со ПСЖ до крајот на сезоната и наводно веќе го известил својот менаџер дека сака да работи во Премиер лигата.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„Билд“ тврди дека германскиот стратег нема долго да остане без работа, бидејќи интерес за неговиот потпис покажува Арсенал.

„Топџиите“ играат катастрофална сезона и се блиску до зоната за испаѓање во Премиер лигата, па сериозно размислуваат за смена на Артета.

Тухел наводно преферира да седне на кормилото на Манчестер Јунајтед, но е спремен да ја прифати понудата на Арсенал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Матиќ брутално го понижи Онана: Тоа ни го кажува еден од најлошите голмани во историјата на Манчестер јунајтед!

Немања Матиќ ќе биде во центарот на вниманието пред претстојниот дуел помеѓу Лион и Манчес…