Менаџерот на Челзи, Томас Тухел зборуваше на пресконференцијата пред утрешното финале во Лигата на шампиони против Манчестер Сити.
Тухел истакна дека ова не е натпревар помеѓу него и Гвардиола и дека неговиот тим ќе направи се за да го освои трофејот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Работевме напорно за да дојдеме до овде. Меѓутоа, не се задоволуваме со пласман во финалето, ќе направиме се за да го освоиме трофејот. Нормално дека ова не е нормална седмица, сите се чуствуваме различно. Се спремаме за најголемиот фудбалски натпревар во Европа“, истакна Тухел.
„Ова не е натпревар помеѓу мене и Пеп. Не играме тениски меч, туку тимски спорт. Сити е најдобриот тим во Европа, но ние на Вембли покажавме дека можеме да ја намалиме разликата. Разликата на вака високо ниво ја прави гладот за успех“, додаде Германецот.
Chelsea boss Thomas Tuchel entertains the Chelsea squad with his best Pep Guardiola impression 😂
— The Sun Football ⚽ (@TheSunFootball) May 28, 2021
The look when he sees the camera is golden 🤣 pic.twitter.com/r6WqIMacN0