Дома Македонски спорт Мак фудбал Треневски најави нова победа против Тре Пене

Треневски најави нова победа против Тре Пене

Екипата на Работнички утре ќе го игра реванш натпреварот против Тре Пене, претставникот на Сан Марино, во рамките на првото квалификациско коло од Лигата на Европа.

Триумфот од 1:0 по првиот меч е солидна предност, но тренерот Виктор Треневски најавува нова победа на Работнички и во Скопје.


„Нашата цел е да оствариме уште една победа над Тре Пене и да се пласираме во следната рунда. Го респектираме противникот, не се тие наивен тим, но ние сме уверени во нашите квалитети и посакуваме нов триумф. Доколку наметнеме наше темпо, мислам дека Тре Пене тоа нема да може да го следи. Сепак, нема веќе „рибари“ во европските купови, видовме дека може да загуби и Глазгов Ренџерс, па максимално сериозно му приоѓаме на мечот“, изјави Треневски.

Натпреварот меѓу Работнички и Тре Пене ќе се игра утре, со почеток во 17:30 часот, на комплексот „Петар Милошевски“ во Куќата на фудбалот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Македонија ѝ пресуди на Литванија и ќе игра на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија направи се пласира на Европското првенство (ЕП) в…