Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Алисон отпатува за Англија, Реал си купи бек, нов договор за Икарди…

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Алисон отпатува за Англија, Реал си купи бек, нов договор за Икарди…

Како и секој ден се до затварањето на трансфер пазарот, редакцијата на Спортски.мк ќе ве известува за сите трансфери и трансфер гласини и се што е поврзано со трансфер пазарот во Европа.

БОМБА: Главна вест на денот е дека Ливерпул конечно постигна договор со Рома за трансфер на голманот Алисон. Бразилецот ќе стане најскап голман во историјата на фудбалот, „црвените“ за неговиот потпис ќе платат 75 милиони евра.

– Италијанските медиуми пренесуваат дека Бонучи постигнал договор со ПСЖ и сака да го напушти Милан. Сега останува уште двата клуба да се договорат околу отштетата (ОВДЕ).

– Вчера се појави информација дека Реал постигнал договор со Челзи за трансфер на Куртоа за 35 милиони евра. Меѓутоа „крачевите“ го сакаат во „пакет“ и Еден Азар и за двајцата понудиле 170 милиони евра.

– Јувентус не се откажува од Диего Годин и му понуди тригодишен договор. Во наредните денови „старата дама“ ќе испрати официјална понуда до Атлетико Мадрид. (ОВДЕ).

– Примарна цел на Милан ова лето е Алваро Мората, а италијанските медиуми пренесуваат дека Шпанецот му кажал ДА на Милан и веќе го известил раководството на Челзи дека сака да ја промени средината.

– Откриена е целосната трансфер стратегија на Реал Мадрид за ова лето. Кои се плановите на „кралевите“ можете да видете ОВДЕ.

– Јанузај после една сезона во Реал Сосиедад повторно прави трансфер во Премиер лигата (ОВДЕ).

– Карло Анчелоти имал разговор со Анхел ди Марија и го повикал да се пресели во Наполи. Аргентинецот е на излезна врата од ПСЖ и би сакал да се пресели во Серија А.

– Челзи и Јувентус се во напредни преговори за трансферите на Ругани и Игуаин. „Сините“ се спремни за двајцата фудбалери да платат 100 милиони фунти.

– Челзи откако ја загуби битката за Алисон, сега ќе се насочи кон ангажман на Џиџо Донарума. Милан за својот голман бара сума од 60 милиони евра (ОВДЕ).

– Денешното издание на „Тутоспорт“ пренесува дека Пол Погба стапил во контакт со Јувентус и дека изразил желба да се врати во редовите на „старата дама“.

– Наводно, Тиаго Алкантара има голема желба повторно да го облече дресот на Барселона (ОВДЕ)

OФИЦИЈАЛНО: Реал Мадрид за сума од 30 милиони евра го доведе Алваро Одриозола! (ОВДЕ)

– Спалети во никој случај не сака да остане без Мауро Икарди, па клубот е спремен да му понуди нов договор на напаѓачот кој беше најдобар стрелец во Серија А изминатата сезона (ОВДЕ)

– Според информациите на „РМЦ Спорт“, Eден Азар веќе постигнал вербален договор со Реал Мадрид. (ОВДЕ)

– Дејвид Бекам во своето последно интервју најави голем трансфер и доаѓање на еден од најдобрите играчи од селекцијата на Хрватска, но не откри за кого станува збор. (ОВДЕ)

– „Мундо Депортиво“ пренесува дека Жозе Мурињо би можел да тргне по потписот на својот миленик од Реал Мадрид, Рафаел Варан.

– Експертот за трансфери, Џанлука Ди Марцио: Трансферот на Алисон Бекер во Ливерпул вечерва ќе биде потврден

– Доколку Тибо Куртоа навистина го напушти Челзи и направи трансфер во редовите на Реал Мадрид, како замена „сините“ би можеле сензационално во своите редовите да го вратат Петар Чех. (ОВДЕ)

– Алисон отпатува за Англија!

– Менаџерот на Евертон, Марко Силва покажал интерес напаѓачот, Дани Велбек, пишува „Тајмс“

– Наводно Барселона го известила Арсенал дека доколку го сакаат Андре Гомеш ќе мораат да платат 20 милиони евра

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…