Дома Трансфер зона Аднан Јанузај пред трансфер во големиот клуб од Премиер лигата?

Аднан Јанузај пред трансфер во големиот клуб од Премиер лигата?

Аднан Јанузај би можел да се врати во англиската Премиер лига.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Белгискиот фудбалер, како што стојат работите, ќе ги напушти редовите на Реал Сосиедад и кариерата ќе ја продолжи во екипата на Евертон. Јанузај е желба на новиот тренер на тимот од „Гудисон Парк“, Марк Силва.

Наводно, преговорите за трансферот веќе започнале и 23-годишниот играч би можел од следната сезона повторно да игра во Премиер лигата, каде што претходно играше за Манчестер Јунајтед и Сандерленд.

Минатата сезона Јанузај не блескаше во дресот на тимот од Сан Себастијан. Постигна три гола во 28 настапи, но најде свое место на списокот патници за Светското првенсвто, каде што со Белгија ја освои бронзата.

Сега, изгледа дека дојде времето да се врати во Англија и да добие нова шанса во најсложената лига во светот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…