Дома Фудбал Италија Дојде моментот за трансфер на Донарума

Дојде моментот за трансфер на Донарума

Голманот на Милан Џанлуиџи Донарума конечно ова лето може да го напушти Сан Сиро.

Иако претходните месеци константно се поврзуваше со заминување од клубот, тој одлучи да го продолжи договорот, но наводно во наредниот период може да се случи трансфер.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Џиџи го засилува Челси? Извесно е дека Сините остануваат без Тибо Куртоа кој е на прагот од трансфер во Реал Мадрид, па лондонскиот клуб бара замена за Белгијанецот.

Прва опција е голманот на Рома, Алисон. Меѓутоа, Бразилецот е многу блиску до Ливерпул, па Челси наводно веќе има втора опција.

Првиот избор е Донарума. Ќе се обидат да го ангажираат 19-годишниот чувар на мрежата со кој би добиле долгогодишно решение меѓу стативите.

Претходните месеци Донарума се поврзуваше со многубројни клубови. Се споменуваше Челси, ПСЖ, Реал Мадрид, Ливерпул, но на крајот остана во Милан.

Сепак, лошата ситуација меѓу Росонерите би можела на крајот конечно да донесе до трансфер и младиот голман да заврши во Премиер лигата.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Чави го чека жестока казна, го пропушта натпреварот на сезоната?

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез би можел да добие суспензија од два до три натпревари…