Не е тајна дека Еден Азар е главна трансфер цел на Реал Мадрид ова лето и дека „кралевите“ го избраа Белгиецот да биде замена за Кристиано Роналдо кој се пресели во Јувентус.
„Мирор“ пренесува дека Азар веќе ги договорил личните услови со европскиот шампион и постигнал усмена согласнот за рансфер на „Сантиаго Бернабеу“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Белгиецот после завршувањето на Мундијалот јавно призна дека сака да ја промени средината и даде до знаење дека негова посакувана дестинација е Реал Мадрид.
Сега останува „кралевите“ да најдат заеднички јазик со Челзи, но тоа воопшто нема да биде лесно. Имено, Реал е спремен за Азар да плати 150 милиони евра, додека „сините“ бараат 200 милиони за негата слобода.
Азар има уште две години од договорот со Челзи и одби да ја продолжи соработката, па доколку не замине од „Стенфорд Бриџ“ ова лето, неговата цена драстично ќе падне, што им оди во прилог на „кралевите“.
Eden Hazard has reached a verbal agreement with Real Madrid to join the club this summer. A fee is yet to be agreed with Chelsea though. (Source: RMC Sport) pic.twitter.com/LgdXX9RyN2
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) July 18, 2018