Дома Фудбал Италија Интер му нуди нов договор на Икарди – ова се деталите!

Интер му нуди нов договор на Икарди – ова се деталите!

Италијанскиот гигант Интер подготвува нов договор за својата најголема ѕвезда, Маури Икарди, пренесуваат италијанските медиуми.

„Газета дело Спорт“ пренесува дека преговорите се започнати, а „нероаѕурите“ му понудиле на Икарди договор до 2023 година според кој ќе заработува 6 милиони евра по сезона плус бонуси.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во актуелниот договор на Аргентинецот има откупна клаузула од 110 милиони евра, но таа важи само за клубовите надвор од Италија и тоа до 15-ти јули.

Иако веќе никој не може да ја активира клаузулата во овој преоден рок, од Интер сакаат во новиот договор таа да биде многу повисока.

Икарди минатата сезона беше најдобар стрелец во Серија А заедно со Имобиле, двајцата постигнаа по 29 гола.

Сега останува да видиме дали Икарди ќе ја прифати понудата за нов договор или ќе сака повисоки финансиски параметри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Клоп повторно остана без важен играч

Диого Жота неодамна се врати на терените од повредата, но сега го чека нова пауза. Во неде…