Јувентус прави одлична работа ова лето кога станува збор за трансферите.
„Бјанконерите“ го доведоа Кристиано Роналдо во за сега најголемиот трансфер на летото, а во Торино се подготуваат за дополнителни трошоци за да создадат тим каков што сакаат.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Следната мета е уругвајскиот стопер Диего Годин. Јуве го сака искусниот дефанзивец во своите редови за дополнително да го засили овој дел од екипата и не треба да не изненади ако 32-годишниот фудбалер ги засили редовите на клубот од Торино.
Атлетико е подготвен да го продаде Годин. Поставија цена од 20 милиони евра, а торинскиот тим наводно веќе договори тригодишен договор вреден четири милиони евра по сезона со одличниот стопер. Доколку дојде до трансфер, Годин без дилема ќе биде големо засилување во дефанзивата, а станува фудбалер кој зад себе има стотицни важни натпревари во нозете.
Годин е член на Атлетико веќе осум години, а претхдно играше уште за Виљареал и за уругвајските екипи Национал и Серо.