Дома Фудбал Лига на шампиони Традицијата вели – Меси и ПСЖ ќе ја освојат Лигата на шампионите?

Традицијата вели – Меси и ПСЖ ќе ја освојат Лигата на шампионите?

Првата титула во Лигата на шампионите Лионел Меси ја освои во сезоната 2005/2006 година како играч на Барселона. Аргентинецот тогаш беше млад и немаше преголем удел во освојувањето на европската круна.

Таа сезона Меси го носеше дресот со број 30 со кој игра сега во ПСЖ. Финалето во кое Барселона победи со 2:1 против Арсенал се играше на „Стад де Франс“ во Париз.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


После одлуката на УЕФА да го одземе домаќинството на Санкт Петербург се одлучи и оваа година Париз да биде домаќин. Оние кои веруваат во традиција сметаат дека сезонава може да се повтори историјата и Меси со ПСЖ да застане на тронот на Европа.

ПСЖ во осминафиналето од ЛШ има предност од 1:0 после првиот натпревар и го чекаат реваншот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Бетис нуди нов договор на Иско, кој ќе го израмни со Антони

Бетис подготвува нов договор за 33-годишниот играч од средниот ред Иско, кој ќе го стави р…