Дома Фудбал Италија Тоти за најтешките моменти: Тако ми почина, а сопругата ме изневеруваше

Тоти за најтешките моменти: Тако ми почина, а сопругата ме изневеруваше

Eден од најдобрите италијански фудбалери во модерното време и принц на Рим, Франческо Тоти призна дека по разводот и смртта на неговиот татко паднал во депресија.

Светскиот шампион со Италија и играч кој целата кариера ја помина во Рома, минатото лето се разведе од сопругата, Илари Бласи со која беше заедно 20 години, 17 беа во брак.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Причината за разводот беше неверство, а Тоти сега откри дека доказите ги пронашол во нејзиниот телефон.

„Поради короната го изгубив мојот татко и сопругата не беше покрај мене. Го проверував нејзиниот мобилен телефон да си потврдам, претходно никогаш не сум го правел тоа. Кога го прегледав пронајдов пораки и повеќе не можев да спијам. Се правев како да е се в о ред, но од тој момент повеќе не бев јас“, призна Тоти.

Славниот Италијанец сега е во врска со нва девојка, Ноеми Бочи, а со Бласи има три деца: Кристиан, Исабел и Чанел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Навивачите на Барса бесни на скапата ѕвезда: Оди си од клубот📷

Навивачите на Барселона на социјалните мрежи испратија серија на критики кон еден играч, и…