Дома Фудбал Италија Тоти за Мурињо: Да се прашував јас, лесно ќе беше

Тоти за Мурињо: Да се прашував јас, лесно ќе беше

Навивачите на Рома ќе се согласат дека Жозе Мурињо е човекот кој ја врати „волчицата“ на големата европска сцена, а во меѓувреме се појавија најави дека Португалецот може да си замине поради интересот на други клубови.

На таа тема сега во јавноста се огласи легендата на Рома, Франческо Тоти кој тврди дека ако тој се прашувал би го убедил Мурињо да остане.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Ако работата зависеше од мене се ќе беше полесно, ќе го убедев да остане. Но не е до мене, ќе видиме што ќе се случи. Не знам како клубот размислува и сигурно наскоро ќе донесат одлука“, изјави Тоти.

Веќе одреден период Мурињо се поврзува со ПСЖ, а веројатно многу од тоа дали и следната сезона Португалецот ќе го води римскиот клуб зависи од тоа дали Рома ќе игра во Лигата на шампионите.

Рома во овој момент е во полуфиналето во Лига Европа каде што во првиот натпревар го победи Баер Леверкузен со 1:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Се тепаше со Рабио и сега ќе го избркаат од клубот!

Фудбалерот на Олимпик Марсеј Џонатан Роу ќе го напушти клубот по случувањата во петокот ве…