Не можеме ниту денес да се пожалиме од понудата, бидејќи после 1 месец ќе биде значително послаба. Ова е нашиот предлог тикет за денес.
Билбао – Бетис – 1Х&0-2 @ 2.05 во Mozzart
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
На Сан Мамеш се води битка за Европа. Можеби двата тима во еден момент помислија дека можат до ЛШ, но на крајот се покажа дека тоа не е изводливо во оваа сезона. Баскијците во двете претходни кола зедоа само бод и така останаа под зоната за пласман во Европа. Бетис е во уште послаба форма и тимот од Севиља победи само еднаш во претходните шест кола со само едно реми и дури четири порази. Исто така треба да нагласиме дека Бетис е без постигнат погодок на двата претходни натпревари, но треба да се каже дека ривали им беа Барса и Сосиедад. Овде веруваме дека домаќините ќе останат непоразени на натпревар со мал број погодоци. Наш предлог е 1Х&0-2 @ 2.05 во Mozzart.
Копенхаген – Нордсјеланд – 1Х&2-3 @ 2.40 во 22Bet
Ова е реванш натпревар од ½ финалето на данскиот куп, а треба да се каже дека овие ривали се борат и за шампионската титула. Работите не се одвиваат според планот ниту за Лавовите од Копенхаген, ниту за тимот од Фарум кој доминираше во регуларниот дел од првенството. Премногу бодови изгубија и едните и другите во плеј офот и тоа го искористи Виборг кој е кандидат за титула. На гостите им одговара и реми за да се најдат во финалето, додека домаќините „бркаат“ само три бода. Ние на овој натпревар решивме да типуваме 1Х&2-3 гола со квота 2.40 во 22Bet.
Башакшехир – Анкарагучу – 1 @ 1.95 во Bet365
Уште еден меч од ½ финалето на националниот куп ќе ставиме на денешниот тикет, овој пат од Турција. Во Истанбул домаќинот Башакшехир, го дочекува Анкарагучу. Се играат два натпревари и реваншот е во Анкара за три седмици, па сметаме дека ништо не може да се реши во овој натпревар. За двата тима ова е шанса да освојат трофеј, но и да обезбедат настап во Европа наредната есен. Ниту домаќините на овој натпревар не можат тоа лесно да го остварат со оглед на фактот дека се на 5-то место. Анкарагучу не смее да се пожали од претходните резултати бидејќи во трите претходни дуели зедоа седум бода, а притоа примија само еден гол. Во секој случај, Башакшехир е фаворит на домашниот терен и типуваме 1 со квота 1.95 во Bet365.
ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet365: 9.59
Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk