Подолг период сме немале ваков ден со комплетна понуда, поточно од пред паузата за Мундијалот во Катар. Ова е нашиот предлог тикет за денес.
Севиља – Хетафе – 1&2+ @ 2.45 во Mozzart
Ниту најголемите песимисти не веруваа дека Севиља може половината од сезоната да ја мине во црвената зона. Овој тим игра катастрофално досега и во изминатите 15 натпревари победија само два пати и тоа е премалку за тим кој има амбиции за ЛШ. Хетафе е на посигурна позиција и има за нијанса подобри резултати од денешниот противник. Сепак ние сметаме дека ова е вистински момент за почеток на победничка серија, па затоа типуваме 1&2+ со квота 2.45 во Mozzart.
Фенербахче – Галатасарај – ГГ @ 1.65 во Bet365
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Денес ќе имаме можност да погледнеме големо дерби кое ќе се изигра во рамките на турската Супер лига. Се сретнуваат екипите на Галатасарај и Фенербахче, поточно двете екипи од врвот на табелата. Домаќините имаат големи амбиции и во моментов може да кажеме дека им оди одлично и покрај неколкуте киксови кои ги направија. Галатасрај од друга страна е со исто толку голема желба за да ја земе титулата во турската лига, но големо е прашањето колку ќе успеат во тоа. Мотивот на овој натпревар е огромен, па затоа очекуваме голема борба за трите бода на овој дуел. Ние решивме да го избегнеме конечниот исход и да ви дадеме предлог на голови. Типуваме ГГ со квота 1.65 во Bet365.