Дома Фудбал Англија Тен Хаг јасно побара засилувања од раководството

Тен Хаг јасно побара засилувања од раководството

Tренерот на Манчестер Јунајтед Ерик Тен Хаг пред последниот меч во годината јасно кажа на која позиција му треба засилување.

„Ѓаволите“ останаа со еден напаѓач помалку по заминувањето на Кристиано Роналдо, а Тен Хаг истакна дека му се потребни само добри фудбалери.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Потребни ни се добри фудбалери, а не само тие кои ги имаме. Сакаме да ја зголемиме конкуренцијата во тимот за да може да имаме различни решенија. Бараме вистинско засилување за нападот“, кажа Тен Хаг.

Премиерлигашот има ограничен буџет во моментов затоа што потроши 220 милиони фунти, па се шпекулира во јануари ќе бара само засилувања на позајмица.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Валверде ги врати славните европски вечери на Реал Мадрид

Со извонреден хет-трик на Федерико Валверде (20’, 27’, 42’), тимот на Реал Мадрид го пораз…