Дома Фудбал Англија Тен Хаг се подготвува за интервју во Манчестер Јунајтед

Тен Хаг се подготвува за интервју во Манчестер Јунајтед

Тренерот на Ајакс, Ерик тен Хаг започнал да се подготвува за интервју за менаџерското место во Манчестер Јунајтед, пренесува „Тајмс“.

Тен Хаг веќе почнал да се информира за состојбата во клубот и структурата на управување, притоа зборувал и со лица кои се директно поврзани со клубот од „Олд Трафорд“ за да ја разбере ситуацијата во соблекувалната и односите меѓу играчите.


Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓


52-годишниот холандски стратег е еден од фаворитите за нов менаџер на Манчестер Јунајтед од следното лето, кога времениот менаџер Рангник ќе го напушти кормилото.

Англиските медиуми тврдат дека токму Рангник е голем фан на Тен Хаг и го препорачал на раководството како идеално решение за кормилото.

Другиот голем фаворит за тренерското столче е Маурисио Покетино, па во следните месеци раководството ќе донесе конечна одлука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барела се повреди, познато колку ќе паузира

Ѕвездата на Интер, Николо Барела, ќе биде надвор од терените поради повреда на бутниот мус…