Дома Актуелно Тен Хаг за заминувањето на Роналдо: Ќе разговараме…

Тен Хаг за заминувањето на Роналдо: Ќе разговараме…

Maнчестер Јунајтед вчера го победи Тотенхем на „Олд Трафорд“, но во центарот на вниманието после натпреварот беше предвременото заминување на Роналдо во соблекувалната.

Португалецот ја напушти клупата за резерви и во соблекувалната замина пред последниот свиреж на судијата. „Дејли Мејл“ додава и дека е можно Роналдо порано да си заминал и од стадионот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


После натпреварот тренерот Ерик Тен Хаг секако од новинарите доби прашање на оваа тема.

„Да го видов, но не разговаравме за тоа. Ќе разговараме. Сега ја славиме победата, не сакам да зборувам за тоа. Тоа е ситуација која ќе ја разгледуваме утре (денес). Сакам да го задржиме фокусот на одличниот настап на сите 11 играчи и замените. Ова беше тимски настап и тимска победа“, изјави Тен Хаг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Стигна како големо засилување, а веќе е пред излезните врати: Алегри повеќе не смета на оваа ѕвезда

Требаше да биде еден од носителите на новиот Милан, но реалноста брзо се промени. Повредит…