Лоши вести пристигнуваат за Аталанта која ќе има сериозен проблем во борбата за четвртото место во Серија А.
До крајот на сезоната тимот од Бергамо ќе биде без првиот напаѓач Дуван Запата. Колумбиецот се повреди минатиот викенд против Каљари. Тоа беше враќање на Запата после пауза од седум недели поради повредата на задниот бутен мускул, но на теренот издржа само 15 минути.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Според последните информации од Италија Запата ја обновил повредата и сега ќе мора да оди на операција. Во таква ситуација тој ќе биде надвор од терените цели четири месеци. Во најдобар случај Запата би можел да и помогне на Аталанта само во последните два натпревари.