Дома Трансфер зона Њукасл со 30 милиони фунти сака да го доведе Запата, Аталанта бара повеќе

Њукасл со 30 милиони фунти сака да го доведе Запата, Аталанта бара повеќе

Tимот на Њукасл е заинтересиран за напаѓачот на Аталанта, Дуван Запата, пренесува „Дејли Рекорд“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Крис Вуд пристигна од Барнли за 25 милиони фунти, но Њукасл сака уште да ја засилува офанзивата, па затоа се распрашува за напаѓачот кој во изминатите години е најдобар стрелец на Аталанта, Дуван Запата.

На 30-годишникот договорот му истекува 2023 година, но тоа не ги спречува богатите сопственици на Њукасл на адреса на клубот Бергамо да испратат понуда од 30 милиони фунти.

Меѓутоа, наводно Аталанта бара 15 милиони повеќе, сепак се потенцира дека се отворени за преговори со англискиот клуб. Њукасл е под притисок да го задржи премиерлигашкиот статус, а во овој момент ги има најбогатите сопственици во светот. Евентуална преселба во понизок ранг би ги успорила во нивните амбиции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…